
Практична поддршка за новата мајка
Секој пакет содржи внимателно избрани производи за нега и практична поддршка во периодот на бременоста и раното мајчинство.
Селекцијата се прави со внимание кон квалитет, безбедност и потребите на идните мајки, во соработка со различни брендови и партнери.
Чиста грижа без притисок
„Нов Почеток“ е создаден со едноставна цел, да ги поддржи трудниците со корисни информации, практични производи и мали моменти на сигурност во најважниот период од животот.
Се стремиме кон соработка со здравствени професионалци и брендови кои ја делат нашата визија за внимателна и одговорна грижа.



Погледнете ја содржината
Во подготовка се визуелни материјали од пакетите „Нов Почеток“.
Во моментов работиме на креирање на официјални фотографии и презентација на содржината, кои наскоро ќе бидат објавени. Секоја торба е спакувана со рачна грижа и содржи производи за бебето и мајката.
СОРАБОТНИЦИ
Брендови што ја поддржуваат грижата
Соработуваме со брендови кои ја делат нашата визија за нежна, практична и сигурна грижа за мајките и бебињата.
Селекцијата на производи се прави со фокус на практичност, сигурност и реалните потреби во периодот на бременоста и раното мајчинство.
Нега за бебе
Производи
Нега за мајката
Нежни и внимателно избрани производи како хипоалергени креми, влажни марамчиња и други основни средства за нежната бебешка кожа.
Меки и практични производи внимателно избрани за секојдневна употреба кај бебиња. Вклучувајќи бодиња, гушки (мека играчка-гушка за бебе), глодалки, држачи за цуцли и други основни бебешки производи.
Практични производи за периодот на бременост и постпородилна нега. Како масло за стрии, влошки за доење, смирувачки креми за брадавици, и други основни средства за нега.
Пријавете се уште денес и добијте информации за вашиот пакет.
